Милaновиќ смета дека е можно Албанија сама да кон ЕУ

За жал, постои можност Албанија и Република Македонија да бидат одвоени во преговарачкиот процес за влез во ЕУ, бидејќи Република Македонија има одредени услови кои доколку не ги исполни, нема да може да продолжи, рече хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој е во официјална посета на Бугарија по покана на шефот на бугарската држава Румен Радев.

Тој смета дека Албанија најверојатно сама ќе може да го продолжи преговарачкиот процес.

– Сега ќе дојдеме до таму што најверојатно Македонија, доколку не ги направи овие уставни измени на кои се обврза, ќе треба да почека време кога ќе го стори тоа. Тоа е услов што постои, а кој ЕУ го прифати. Македонија го потпиша овој услов и мора да го исполни – изјави Милановиќ, пренесува „БТА“.

Хрватскиот претседател коментира дека сите овие земји веќе треба да бидат дел од ЕУ, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи пред неколку дена изјави дека се појавува нова патека за Западен Балкан, пред се поврзано со геополитичкиот момент и со Украина. Османи потенцира дека сега е во наши раце дали ќе бидеме дел од таа патека или ќе се изолираме. Албанија, додава тој, ќе се приклучи на Србија и на Црна Гора, ние ќе останеме со БиХ и со Косово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.