четврток, 12 ноември 2026
Најново

Минималните трошоци на едно семејство зголемени за 2.326 денари од почетокот на годинава

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во март бележат повторно скок. Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека трошоците во март се зголемени за 436 денари во однос на февруари.
Синдикалната минимална потрошувачка кошничка во март изнесува 67 818,00 денари, а со изнајмен стан од 60 метри квадратни 83 193 денари.
– Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2 326,00 денари, посочува ССМ.
Со скокот на цените на горивата кои две недели последователно се зголемуваат поради случувањата на Блискиот Исток, веќе се бележат првите поскапувања и кај храната. Зголемени се цените на зејтинот и на јајцата, а експертите предупредуваат дека случувањата на Блискиот Исток ќе се рефлектираат и врз зголемувањето на сите останати сектори.
Владата засега ја следи ситуацијата додека државите од регионот и Европа веќе ги намалија акцизите и даноците за горива.

Поврзани вести