МИНИСТЕРИТЕ ЗА ОДБРАНА НА НАТО НА ДВОДНЕВЕН СОСТАНОК: Фокус е поддршката за Украина! Утре тема е нуклеарното планирање

Министрите за одбрана на НАТО ќе започнат дводневен состанок во Брисел, со фокус на континуираната поддршка за Украина и одговорот на алијансата на руската агресија врз земјата. На состанокот, кој ќе биде прв по самитот во Мадрид, ќе му претходи состанок на групата за поддршка на Украина.

МИНИСТЕРИТЕ ЗА ОДБРАНА НА НАТО НА ДВОДНЕВЕН СОСТАНОК: Фокус е поддршката за Украина! Утре тема е нуклеарното планирање

Настанот во Брисел ќе започне со состанок на Контакт групата предводена од САД за одбранбена поддршка на Украина, на која учествуваат околу 40 земји. Централна тема ќе биде среднорочната поддршка на Украина со воена помош, соопшти Министерството за одбрана на Словенија.

Поддршка за Украина ќе биде тема и на работната вечера на министрите членки на НАТО, со која ќе започне дводневниот состанок. Тие ќе разговараат за натамошната поддршка на НАТО за Украина со фокус на градење на капацитетите на украинските вооружени сили.

На двете средби ќе присуствува и украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников, кој на своите колеги ќе им ја претстави моменталната состојба на бојното поле и какви се потребите на Украина од оружје.

Вториот ден министрите ќе започнат со состанок на групата за нуклеарно планирање, по што ќе следи дискусија за одвраќање и одбрана, со фокус на залихите на воена опрема и зголемување на капацитетот на одбранбената индустрија.

Седницата ќе биде заокружена со дискусија за операциите и мисиите на НАТО, во која ќе учествува и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел.

Ден пред средбата, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтебнерг, ја истакна важноста од континуирана поддршка за Украина. Ако Русија победи, „тоа ќе биде закана за сите нас“, рече тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.