четврток, 12 ноември 2026
Најново

Министерство за здравство ќе купи 8 мамографи до 2021. година

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На вчерашната седница Владата му одобри на Министерството за здравство да почне јавна набавка на мамографи во вредност од 85 милиони денари или 1,38 милиони евра. Според соопштението на Владата оваа јавна набавка треба да се реализира во 2019, 2020 и 2021 година.
Министерството информира дека со овие средства предвидуваат да се набават 8 мамографи и да ги  распределат според потребите на здравствените установи. Два сигурно ќе бидат распоредени во Скопје, а останатите во поголемите градови низ републикава.
-Со оваа набавка ќе се намали времето за чекање за снимање на мамограф, што е една од дијагностичките процедури за откривање рак на дојка, велат од Министерството за здравство.

Поврзани вести