Мини крофни кој се подготвуваат многу лесно

Меките крофни се омиленото уживање за многумина. Постои и нивна мини верзија.
Мини крофните се јадат во еден залак. Однадвор се крцкави, а внатре меки. Може да се послужат со џем, нутела или растопено чоколадо, или само да се извалкаат во миризлив ванилин шеќер.

Состојки:
200 гр брашно
30 гр шеќер
1/2 лажичка сол
1 рамна лажичка сув квасец
1 јајце
130 мл млеко
20 гр путер

Подготовка:
Во сад измешајте ги просеаното брашно, шеќерот, солта, сувиот квасец.
Додадете ги јајцето, млекото и стопениот путер.
Состојките измешајте ги со шпатула, кога тестото е лепливо значи дека е готово.
Покријте со проѕирна фолија и оставете на топло место да нарасне.
Истурете ја смесата во кеса за замрзнувач, а потоа исечете дупка.
Во тенџере ставете масло. Кога ќе се загрее истиснете малку тесто од кесичката.
Пржете ги крофните додека не поруменат.
Кога ќе бидат готови, наредете ги во чинија и оставете ги да се изладат.
Послужете ги со сладок додаток по ваш избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.