Мини погачи со кашкавал: Меки, миризливи, воздушести и вкусни, вистински рај за стомакот!

Ви претсавуваме одличен рецепт за тесто кое сите во домот ќе го обожаваат
Состојки:
200мл млака вода
½ ќесичка сув квасец
½ лажичка шеќер
½ лажичка сол
50мл масло
Брашно по потреба (тип 400)
200гр кашкавал
5 лажици кечап
Подготовка:
Измешајте ги квасецот и шеќерот во млака вода, покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат 3 минути.


Кога квасецот ќе нарасне, додадете масло и добро промешајте.
Потоа, додадете сол и полека додавајте брашно и месете го тестото.
Месете го тестото 5 минути за да биде мазно и еластично.
Ставете го тестото во сад што ќе го премачкате со масло, покријте го со крпа и оставете го двојно да се зголеми.
Потоа премесете ги и развијте ги погашите со дебелина од 1см, кои ќе ги исечете со чаша и ќе ги распоредите во плех обложен со хартија за печење.
На секоја погача ставете малку кечап и рендан кашкавал.
Печете во рерна на 250 степени целзиусови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.