Мирен собир за жртвите од Кочани вечерва во Вевчани – Полицијата ги барала „организаторите“

Вчера повикавме на мирен собир денес да оддадеме почит за настраданите во Кочани, објави на Фејсбук профилот „Мое Вевчани“ кои споделија информации дека полицијата ги барала администраторите на страницата.

– Денес полицијата низ Вевчани ги бара администраторите на страната со исказ „сте планирале да организирате протест“

Нашата намера не беше да биде протест, туку собир за искажување сочувство и солидарност. Очигледно тоа некому не му одговара и затоа нашиот пост ќе биде избришан.

Уште еднаш да знае МВР и Панче Тошковски, Мое Вевчани нема намера да организира никаков протест, а Тошковски да не се замара со администраторите туку да си ја гледа работата за која ние граѓаните го плаќаме. – стои во објавата на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: