Мистериозна намирница богата со витамин Ц и влакна: Полна со јаглехидрати, но помага при слабеењето

„За да ослабнеме, треба да го намалиме внесот на јаглехидрати“ – тоа е мантрата која сигурно сте ја чуле досега ако сте се информирале за диетите.
Секако, таа често се повторува со многу добра причина бидејќи јаглехидратите се навистина препрека во симнување на килограмите. Но, тоа не важи баш за секоја намирница која ги поседува во голема количина.
Која е тогаш таа мистериозна намирница полна со јаглехидрати која може да ви помогне да ослабнете? Тоа е, верувале или не, слаткиот компир познат како батат. Овој коренест зеленчук најмногу го консумираме во текот на есента и зимата, но би било добро да го пронајде местото на нашата трпеза и кога надвор е најтопло.


Можеби ќе ве изненади фактот дека еден сладок компир со средна големина има само 100 калории и поседува 24 грама јаглехидрати од кои 4 грама се влакна. Тоа е особено важно бидејќи влакната нè заситуваат и помагаат во отстранување на токсините од организмот.
Слаткиот компир се препорачува во исхраната и од други причини – дали сте знаеле дека една порција сладок компир содржи 40 отсто од вкупната дневна препорачана количина на витамин Ц? Истата порција содржи дури 4 пати повеќе витамин А од препорачаната количина. Тој витамин е особено важен за слабеење бидејќи помага во забрзување на метаболизмот.
Се надеваме дека овие факти ќе ве убедат да му пружите шанса на слаткиот компир оваа зима, а од тоа ќе имате повеќекратна корист – не само што ќе ослабнете туку и ќе имате прилика да уживате во одличните оброци со оваа вкусна намирница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.