Мицковски: Имаме доволно горива, да не се качуваат цените по маркетите!

По ситуацијата со нафтените деривати во земјава и порастот на цената што се случи од ноќеска по одлуката на Регулаторната комисија, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата и во согласност со тоа ќе реагира. Според него,  добра вест е што утрово цената на нафтата паднала и од синоќешните 120 долари за барел, сега се тргувала за околу 90 долари.

„Факт е дека како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата и тоа можеби во моментот е добро, но, од друг аспект, во делот на пограничните општини и посебно бензиските пумпи во пограничните општини, се создава притисок од соседството бидејќи голем број од граѓаните од соседството доаѓаат да точат дизел и затоа се случува на некои бензински да снема гориво. Сепак тоа брзо се надоместува“, рече Мицкоски по денешниот увид на изградбата на пречистителна станица во Кучевишка Бара.
Тој рече дека утре ќе имал средба со сопствениците на ланците супермаркети во земјава, на која ќе побарал од нив „да не се користи притисокот за веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните“. Мицкоски рече дека „посакува да не дојде до тоа Владата да преземе друг тип на офанзивни мерки“.
„Очекувам тие да имаат фер однос кон граѓаните, за и ние како Влада да бидеме фер кон нив односно заеднички да го заштитиме стандардот на граѓаните“, кажа Мицкоски.

Пронајдете не на следниве мрежи: