четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мицковски ретерира..Не реков само за Османи туку и за Ковачевски, Маричиќ и Пендаровски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Не реков само за Османи ги спомнав и Ковачевски Маричиќ и Пендаровски. Немав намера и не делев по етничка припадност одговори Мицковски на гостувањето на вестите на Алсат М прашан зошто таков напад направи вчера обвинувајќи го екс министерот Османи дека со францускиот предлог ни зарил нож во плуќата и дека тоа како што рече на Бујар ќе му го памтиме. Не не беше мојата изјава за Османи ги спомнав и другите, посебно Пендаровски кој се фалеше дека тој учествувал во составувањето на францускиот предлог рече Мицковски обидувајќи се да ја спушти топката по вчерашниот остар заканувачки напад на адеса на Бујар Османи.

Реакција на тој напад Османи испрати преку социјалните мрежи уште вчера. Тој му порача на премиерот дека Македонија е и негов дом .
Премиере реагираше Османи, вие ја преминувате основната линијата на политичка пристојност кога за тоа нема никаква потреба.

Влечете за уши, делите жолти картони, навредувате, понижувате…, и сега последно – клеветите?
Користиш алузии на христовата жртва (закова шајки во раце и нозе) за над етничката да ја разгориш и религиската нетолеранција му врати Османи на премиерот Мицковски

Поврзани вести