Мицковски сега смета дека Европа се изживува со нас | Се збогуваме ли со евроинтеграциите за догледно време?

Христијан Мицкоски жестоко реагираше на потегот на ЕУ да ги раздвои патиштата на Македонија и на Албанија кон полнправно членство во Унијата.

Мицкоски гледа виновник во Брисел велејќи дека ЕУ се изживува со Македонија, додавајќи дека тој диктати немало да прифаќа.

Тој ѝ посака успех на Албанија, со желба бргу да го заврши преговарачкиот процес.

– Можеби еден ден патиштата пак ќе ни се сретнат – заклучи премиерот. За Македонија, услов за одржување на Втора меѓувладина конференција со ЕУ останува спроведувањето на уставни измени, со кои Бугарите треба да се внесат во македонскиот Устав. Албанија и Македонија беа во ист пакет на интеграцискиот пат кон ЕУ, но последната одлука за Албанија практично ќе значи раздвојување на двете земји.

Останува прашањето дали во текот на кампањата, кога се ветуваа промени во преговарачката рамка, Мицковски и неговата партија ги доведоа во заблуда гласачите и добија поддршка за нешто што не се во можност да го сменат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.