четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

  Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност.
-Вечерва во име на Владата, имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност. Во духот на овие вредности, вечерта ја поминавме во топла атмосфера, разговарајќи, градејќи пријателства и потврдувајќи дека почитта и соживотот се темел на нашето општество, истакна премиерот.

Мицкоски, посочи дека ваквите средби потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и пообединета заедница.
-На сите верници кои го одбележуваат месецот на постот им посакувам мир, здравје и благословени денови, објави Мицкоски.

Поврзани вести