Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање во врска со извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата и преземените чекори кон европската интеграција, ги нагласи специфичните услови што ѝ се наметнати на Македонија, билатерализацијата на патот кон членство во Унијата, се осврна на однесувањето на минатите влади и условите прифатени неколку пати надвор од Копенхашките критериуми, но исто така ги посочи и конкретните мерки преземени во овој период наведени во извештајот на ЕК.
Тој нагласи дека таков став и оценка од страна на ЕК во извештајот не треба да биде причина за евроскептицизам, ниту пак треба да биде модел за исполнување на сè што е ставено на маса, додека нема гаранција дека ништо друго освен утврдените критериуми нема да застане на патот.
„Никој во Собранието не треба да се сомнева дека иднината на Македонија е во рамките на ЕУ.”
Секако, пристапот кон постигнување на оваа цел е различен. Претходната влада имаше пристап дека со потпишување и прифаќање на сè што ќе биде ставено на маса, ќе им биде простено криминалот и корупцијата и сè што беше заштитен знак на нивната влада и дека ако го стават својот потпис на секој од документите ставени на маса, некој од таму магично ќе ги остави на власт и тие ќе продолжат да крадат од граѓаните и државата во слога.
Но, граѓаните минатата година на изборите избраа, по кој пат и траекторија ќе оди државата, а ова е траекторијата на правдата, многу работа, правда, чесна работа согласно законите и работа што им ја нуди на граѓаните. И тука оваа влада не ги дели граѓаните, ниту по етничка припадност, ниту по верска или политичка припадност, и ќе продолжи да функционира на тој начин, вели Мицкоски.
The post Мицкоски: Иднината на Македонија е во ЕУ, ќе направиме сè што е во наша моќ за да ја постигнеме оваа стратешка цел appeared first on Во Центар.



