Владата останува на ставот дека нема да попушти пред барањата за уставни измени доколку не добие јасни гаранции за евроинтегративниот процес. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ако треба ќе чекаме и децении, но дека нема да прифати политики кои не нудат предвидивост и јасен крај. Според Мицкоски, претходната власт е виновна што се наоѓаме во сегашната позиција.
– Ова се историски процеси. Кај нашиот јужен сосед политичарите за да го применат принципот на живковизмот чекаа децении за да се родат политичари од типот на тие што беа претходните седм години, така што ако треба и ние ќе чекаме децении, но политики што директно влијаат врз нашиот иднетитет, а не нудат предвидливост и јасен крај на тој процес, немам намера ддека сум претседател на Влада по било која цена да влезам во таква авантура, изјави Мицкоски денеска во Охрид.
Вели дека Владата ќе продолжи да ги завршува обврските од Реформската агенда, но доколку Брисел инсистира на промена на Уставот како единствен услов, тогаш Владата нема да биде добар соговорник.
Од друга страна, францускиот амбасадор во земјава Кристоф ле Риголер во интервју за Радио слободна Европа вели дека Преговарачката рамка не се менува и дека постои јасен пат преку уставните измени.
Според него, актуелниот геополитички момент за проширување на ЕУ мора да се искористи сега и потребен е фокус на суштинските реформи и обновување на довербата со Бугарија,.
Отворањето на преговорите зависи исклучиво од усвојувањето на амандманите. Централна етапа за отворање на првиот и најважен кластер наречен „Фундаментални вредности“ е отворање на уставните измени, точно како што е предвидено во Преговарачката рамка, а кога станува збор за односите со Бугарија, тој прави дистинкција меѓу европскиот процес и билатералните прашања, порачува францускиот амбасадор.


