четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мицкоски: Новиот закон за коцкање е готов, очекувам бројот на слот-клубови да се намали

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Христијан Мицкоски денес објави дека Законот за коцкање е готов.Мицкоски не даде детали за тоа што предвидува новиот закон, но нагласи дека со новото законско решение очекува бројот на таканаречени клубови за слот машини природно да се намали.„Законот за игри на среќа, по неколкумесечна работа и негово усогласување, е готов. Очекувам овој месец да ја помине владината процедура, а потоа да влезе во Парламентот. Ќе има многу новини, многу промени, а очекувам и бројот на таков тип на слот-клубови, по донесувањето на овој закон, природно да се намали“, рече Мицкоски.

Поврзани вести