Мицкоски: Уставниот суд и Кацарска го укинаа линеарното зголемување на пензиите, над 70 проценти од пензионерите ќе добиваат пониска пензија

„Вистина е дека е покрената постапка пред Уставниот суд и вистина е дека судијата за кој сите зборуваме, кој беше архетип на неправдата во судството, заедно со уште еден обвинител, кој беше и втор столб на тој архетип на судството во едно време, а кој е соучесник во таа чанта Луј Витон, се оние кои денес се загрижени за линеарното зголемување на пензиите за пензионерите“, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за прашања од пратениците.

Мицкоски нагласи дека според последните информации, судијката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, ја потпишала одлуката за укинување на линеарното зголемување на пензиите за пензионерите.

„Најновите информации се дека одлуката е веќе донесена и потпишана од неа и дека пензионерите повеќе нема да добиваат линеарно зголемување на пензиите, туку во согласност со процентите утврдени со закон. А ова само за информација би значело дека 70 проценти од пензионерите ќе добиваат пониска пензија од следниот месец, поради оваа иницијатива на овој судија кој е дел од Уставниот суд“, рече тој.

Мицкоски нагласи дека таквата одлука е неправедна, бидејќи Уставниот суд ја поништува одлуката, и не би бил изненаден ако истиот судија на Уставниот суд донесе одлука за деблокирање на платите на судиите и обвинителите.

„Од аспект на фискалното оптоварување, Буџетот ќе обезбеди помалку пари, но од аспект на тоа дали е фер, не е фер бидејќи во време на транзиција кога некои олигарси ја приватизираа и ограбија економијата или уништија голем дел од неа, повеќето од овие пензионери со ниски приходи, 8.000, 9.000, 10.000 или 12.000 денари се резултат на тој процес за време на транзицијата. И затоа добиваат толку ниски пензии.“

„Целта на линеарниот раст беше да се намали индексот на HD, а со тоа да се зголеми стандардот на пензионерите и со тоа да се намали нивото на сиромаштија“, нагласи Мицкоски.

Според премиерот Мицкоски, таквата одлука е неправда кон пензионерите.
The post Мицкоски: Уставниот суд и Кацарска го укинаа линеарното зголемување на пензиите, над 70 проценти од пензионерите ќе добиваат пониска пензија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: