четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мицкоски oчекува стапката на раст на БДП во првиот квартал да биде меѓу три и четири проценти

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува во првиот квартал од оваа година стапката на растот на Бруто домашниот производ (БДП) да биде меѓу три и четири проценти.
-Јас тоа го кажувам во изминатиот период и очекувам конечно во првиот квартал од оваа година да покаже едно консилидирање, да бидеме во првите пет-шест би рекол економии во Европа. Во првиот квартал според процентот од Бруто домашниот производ(БДП) на раст, да речеме би се задражал на онаа бројка, која порано ја имам комуницирано помеѓу три и четири проценти. Но, да видиме деновиве. Претпоставувам дека деновиве ќе се објави таа бројка, изјави Мицкоски.
Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков на денешниот настан на одбележување на 80 години од постоењето на оваа институција потврди дека податоците за растот на БДП ќе ги објават утре во 12 часот.
Според податоците на Државниот завод за статистика објавени на 4 март 2025 година во четвтото тримесчје од 2024 година стапката на растот на БДП е 3,2 отсто.

Поврзани вести