петок, 13 ноември 2026
Најново

Мицотакис: Нема да одиме во војна со Турција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на Економскиот форум во Давос оценил дека Грција нема да оди во војна со Турција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На панел дискусија со новинарот Фаред Закариа, Мицотакис говорејќи за односите со Анкара рекол дека иако биле сведоци на многу тензии во изминатите три години, сепак нема да има војна и порачал дека двете земји треба да бидат во позиција да седнат на маса „како логични возрасни луѓе“ за да се реши единствената разлика, односно одредување на морските зони во Егејското море и Источниот Медитеран.

-Тоа е сложено прашање поради географијата на Егејското море, но успеавме да решиме слични проблеми со нашите соседи, истакнал Мицотакис според АНА-МПА


Поврзани вести