Манекенката Софија Хаџипантели, која се прослави со своите густи црни веѓи, признала дека добивала смртни закани поради нив. Како што вели оваа 22 годишна девојка од Кипар, преку социјалните мрежи постојано добива закани и навреди.
Во текот на гостувањето во емисијата Good Morning Britain открила дека не се труди да ги чита коментарите, а утеха пронаоѓа во фактот дека пронашла маж кој ја сака.
“Добивам бројни смртни закани. Се трудам да не ги читам грдите коментари, но луѓето ми велат дека ги има многу”, открила студентката по маркетинг.
“Жал ми е поради тоа што би сакала да ги прочитам тие убавите, но за да стигнам до нив прво морам да ги прочитам грдите”.
View this post on Instagram
Додала дека нејзиното момче Зек Апостолоу навистина ги сака нејзините веѓи.
“И тој имаше споени веѓи како моите. Очигледно е дека се плашам од своите веѓи па кога ме гледа дека тоа го правам секогаш се интересира”, рекла таа.
View this post on Instagram
Нејзината кариера започнала токму со боењето на веѓите. Имено, во 2014 година по грешка ги затемнила повеќе, а наместо да ги врати во првобитната состојба започна да се занимава со манекенство и поради веѓите добила договор со агенција.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.