МКФ и „ONE“ ја продолжија соработката

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и „ONE“, ја продолжија соработката, телекомуникацискиот оператор ќе ги следи и поддржува македонските кошаркари и на претстојното Европско првенство во Словенија.

„Особено сме горди на оваа соработка, веруваме во македонските кошаркари и им посакуваме добра пласман на првенството“, рече на прес конференцијата Генералниот извршен директор на „ONE“, Цирил Кафор. Претседателот на МКФ, Даниел Димевски, истакна дека продолжувањето на соработката ќе значи нови победи и нови успеси во иднина.„Тие беа со нас кога го постигнавме најголемиот успех во историјата на македонскиот спорт, тие ба со нас во сите моменти, ни дадоа целосна логистика, направија многу за афирмацијата на нашите играчи кои станаа мега ѕвезди. Долгогодишната соработка со „ONE“ не прави горди.Ни причинува задоволство што и во Словенија, на претстојното Европско првенство ќе ја имаме нивната безрезервна поддршка. Тимот што победува не се менува“, рече Димевски. „Во оваа тешка финансиска ситуација нема многу компании кои го поддржуваат спортот „ONE“ е една од компаниите кои многу вложуваат во спортот и поради тоа го поздравувам потпишувањето на овој договор“, рече селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Алеш Пипан. Дополнително, телекомуникацискиот оператор „ONE“ ќе биде спонзор и на Купот на Македонија 2013, кој од 28. до 31.март ќе се одржи во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје. “Периодот што следи, дефинитивно ќе биде во духот на спортот, а особено во духот на кошарката. Традиционално и годинава застануваме зад Македонскиот кошаркарски Куп, а сите оние кои ќе набават билети за истиот во нашите продажни салони ќе ги наградиме со еден Џабест СИМ“, рече Главниот оперативен директор на компанијата Тадеј Ленарчич.
Makфакс
Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и „ONE“, ја продолжија соработката, теле

Пронајдете не на следниве мрежи: