Програмскиот колегиум на Младинскиот културен центар призна дека е неформално тело и според статутот на оваа јавна институција не постои како такво. По ниту еден закон или било каков управно-правен акт или законска постапка, овој самопрогласен колегиум нема некакви ингеренции или овластувања. Ниту пак има право и овластување да зборува во името на сите вработени во МКЦ.
И самите членови не знаат што се. Додека едниот, Русе Арсов кој е и поранашен директор на МКЦ и се очекува да ги знае овие работи, вели дека е стручно и највисокот тело на МКЦ, неговиот колега и кум Филип Николовски признава дека Програмскиот колегиум е неформално тело.
Единствено што ги врзува овие лица кои застануваат во одбрана на поранешниот вд директор Ванчо Богоев и неговите постапки се семејни, пријателски и кумски врски. Така, во овој самопрогласен колегиум “членуваат“ маж и жена, Русе и Маргарита Арсова, нивниот кум Филип Николовски, чиј член од семејството раководи со детската игротека во МКЦ.
Членка на овој колегиум е и Соња Исмаил, ќерка на Ѓунер Исмаил поранешен министер во владата на СДСМ.
Според статутот на МКЦ постои единствено Стручен колегиум како официјално извршно тело, кое во изминатиов период не одржал состанок или средба и не се произнело по било кое прашање, пред се поради фактот што во моментов во институцијата трае ревизија, а тековните работи се одвиваат нормално и без промени.
Ревизијата за овој самопрогласен програмски колегиум, во кој програмските раководители имаат најразлични образованија неповрзани со културата, не е спорна, но не одговараат на прашањето “што ќе се случи кога по завршувањето на ревизијата, сите наоди и сомневања се потврдат, а за кои тие сега изнесуваат оправдувања“.
Ниту еден од нив прецизно и со документи не ги оспорува досегашните сознанија, ниту сакаше да каже дали е загрижен за досегашните откритија, туку се вадат дека не била почитувана постапката, ревизијата е незавршена, а не е важно што се откриени проневери и договори спротивно на законот.
Играјќи на картата на емоции, овие програмски уредници, не објаснуваат дали е вистина дека се исплаќале пари, па отпосле се правеле договори, туку велат дека “шанкерите и младите луѓе си работеле и заработиле и тоа со договорена дневница од 1000 денари“.
Досегашните документи покажуваат дека дневниците биле “малку“ повисоки и изнесувале 2.045 денари.
Законски, секое ангажирано лице, вработен или слично, мора да има еден ден одмор. Математички чудно! Уште повеќе што Арсов тврди дека се е легално, а една секунда подоцна вели дека ја нема документацијата за тоа кој колку сработел, дали шанкерите виле викани на секој концерт, дали плус биле ангажирани и како е се исплаќано.
Во МКЦ се уште трае ревизијата, каде стручен тим овластен од Град Скопје овластено врши верификација, валидација и консолидација на целата документација како и на сите управно-правни процеси во сите постапки, особено во јавните набавки и материјално-финансиското работење во МКЦ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.