Модели на очила за сонце кои се популарни ова лето

Очилата за сонце се “must have” додаток ова лето и се разбира очекувано. Модерни или ретро, во светла и темна боја, избор е ваш. Само е важно да ги пронајдете вистинските, оние кои одговараат на обликот на вашето лице.

Бели рамки

Крупни, нападни очила со дебели рамки беа хит во 2017 година. Сега, 3 години подоцна слични модели се враќаат на сцената и со тоа акцентот повторно е ставен на белите ремки, независно каков ќе биде обликот. Значи може да одберте обликот, но рамките задолжително бели.

Големи рамни стакла

Малку футуристичи, а дефинитивно кул, очила со рамни стакла е додаток кој често може да се види на светската сцена. И овој модел на очича не е нов, но понекогаш  добрите додатоци не треба да се менуваат, тие имаат долг век. Целосно црни или во друга боја или друг дезен со нежно провидни стакла- одберете ги совршените според вас.

“Oversized” големи очила

“Oversized” очила, идеално коцкести и многу големи се очила кој ќе ве потсетат на детството и оние кои можеби вашата баба ги носела, но изгледот на тој ретро момент е суштината на овие очила. Големите очила скоро на сите девојки добро им стојат, а идеални се за денови кога сакаш да се сокриеш од се и секого.

Авијатичарски очила

Класиката никогаш не излегува од мене, а авијатичарските очила тоа и го докажуваат. Претходната сезона можеби не беа во прв план, но сега дефинитивно се. Инаку ова е уште еден модел кој со сигурност на сите добро им стои! Изборот е само во бојата на стаклото, а после тоа се препуштате на убавото сончево време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.