Од сезона во сезона, некои модели на фармерки доаѓаат во прв план па може да ви изгледа како сите да ги носат само нив. Сепак, тексасот никогаш не излегува од мода. Ова ќе важи и во 2019-та година, а модните експерти веќе споделуваат што ќе биде хит во неа.
1. Извезени фармерки
Модели на фармерки што ќе бидат хит во 2019-та година
Везовите повторно се вратија во 2018-та година, но ќе земат вистински замав во 2019-та. Добро е што нема потреба да купувате нови фармерки, туку можете да ги преправите старите со „тетоважи“ за текстил, или пак ако сте талентирани самите да извезете нешто. Ова ќе им даде романтичен изглед на фармерките и женска нота која понекогаш му недостига на тексасот.
2. Рамни ногавици, низок струк
Модели на фармерки што ќе бидат хит во 2019-та година
Високиот струк сигурно ќе биде во тренд уште некое време, но оние кои сакаат да покажат малку повеќе кожа ќе можат да го направат тоа во 2019-та. Следната година се враќа омилениот модел од 2000-тите – фармерки со низок струк. Нивните ногавици ќе бидат од ѕвонарски и широки, па сè до рамни, но најверојатно ќе доминираат последните.
3. Детали на рабовите
Модели на фармерки што ќе бидат хит во 2019-та година
Уште еден хит од 2000-тите. Ако пред речиси 20 години сте сонувале за фармерки со детали на рабовите од ногавиците, сега ќе имате можност и да ги носите. Пердуви, бисери, панделки… можете да одберете што било што ќе ја разбие монотонијата на обичните фармерки.
4. Изразени шевови
Модели на фармерки што ќе бидат хит во 2019-та година
Ако сакате нозете да ви изгледаат подолги и послаби, ќе бидете задоволни бидејќи се враќаат впечатливите и големи шевови. Многу луѓе сметаат дека овој детаљ е кич од минатото, но како и сите трендови, луѓето брзо се навикнуваат, па веројатно ќе ги сретнувате насекаде.
5. Линии на рабовите
Модели на фармерки што ќе бидат хит во 2019-та година
Веројатно веќе заклучивте дека во 2019-та година ќе владее носталгијата. Овие модели не им се допаѓаат на сите, но ако сте доволно креативни веројатно ќе го земете предвид и овој детаљ на вашите фармерки. Според навестувањата од најновите колекции на најпознатите брендови, модата навистина ќе биде во духот на 2000-тите, па можете слободно да почнете да барате низ старата облека од гардероберот.