Модниот свет и оваа година е заљубен во шармантните чевли кои се хит секое лето

Иако секое лето се појавуваат некои нови трендови на чевли во кои се заљубува модниот свет, еден безвременски модел не изглегува од мода веќе со децении.
Станува збор за еспадрили кои и оваа топла сезона ги освоија „фешн дамите“, а добиле одобрение и од најпознатата модна уредничка на светот, Ана Винтур.


Познатата уредничка на американскиот „Vogue“ во еспадрили се појавила на овогодинашниот турнир „Australia Open“, а избрала рамен модел во светла нијанса. Овие безвременски чевли ги обожуваат и славните војвотки Кејт Мидлтон и Меган Маркл, но тие, за разлика од Ана, им остануваат верни на моделите со висока полна потпетица.


Кејт оваа пролет е видена во своите омилени кафени еспадрили со полна пета, кои ги носи веќе со години, додека Меган својот црн пар последен пат го носела за време на турнејата со Хари во Авсралија, минатата есен.
Во еспадрили со полна пета, неодамна нè воодушеви и актерката Софија Вергара, која ги усогласила со прекрасен летен стајлинг за прошетка низ градот и потврди дека ови чевли се вклопуваат во секој стил,
А за тоа дека навистина станува збор за сестран модел, докажуваат и бројните модни инфлуенсерки од Инстаграм, кои ова лето и покрај бројните нови трендови, избираат еспадрили.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.