Модни парчиња кои се во тренд, а стилистите не би ги купиле, ниту облекле

Не е важно колку брзо се менуваат трендовите – важно е вие слепо да не ги следите.
4 модни правила до кои се придржуваат стилистите, а би требало и вие:
1. Избегнувајте ја брзата мода
Ваквата облека која спаѓа во брза мода обично е изработена од евтини, синтетички материјали, кои се исклучително штетни и неудобни.
2. Тесни бели фармерки


Иако си имаат свои предности, ретко на која жена белите фармерки ѝ стојат идеално. Слабите девојки изгледаат уште послабо, додека пополните изгледаат уште покрупно. Обидете се да најдете модел на бели фармерки кои стојат добро на вашата фигура.
3. Една иста работа во повеќе бои


Дали некогаш сте си купиле еден ист фустан или една иста кошула во повеќе бои, бидејќи сте се заљубиле како ви стои? Звучи лесно примамливо, но ниту еден стилист не ја препорачува оваа реприза.
4. Неудобни чевли


Не постои добро оправдување поради кое еден стилист би се мачел на овој начин. Модерни или не, спортски или елегантни, чевлите прво треба да бидат удобни. Нема да ги разгазите, не се лажете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.