Ова лето ќе биде исклучително шарено кога станува збор за модата и ќе доминираат трендовите што беа популарни во текот на 90-тите години. Повеќето од нив се враќаат на модната сцена, а ова се трендовите што ќе го направат ова лето интересно:
1. Бела боја
View this post on Instagram
Фустаните и фармерките во бела боја се задолжително парче во гардеробата на секоја жена со стил. Покрај тоа, белата боја е совршена за летни и топли денови.
2. Цветен фустан
View this post on Instagram
Бохо стилот веќе во голема мера доминира во модната сцена, па ова лето е незамисливо без фустани со цветен принт. Сите бои се дозволени, како и сите должини.
3. Ѕвонарки со висок струк
View this post on Instagram
Фармерките што беа многу популарни во текот на 90-тите се повторно во центарот на вниманието. Овој ретро модел е добар за речиси секој материјал и може да се носи во безброј пригоди.
4. Бермуди
View this post on Instagram
Заборавете на кратките шорцеви. Оваа сезона мора да имате бермуди бидејќи се пошироки и поудобни.
5. Кроп-топ
View this post on Instagram
Кратките маици и асиметричните кроеви се нешто што често ќе го гледате на улиците. Комбинацијата на кроп-топ и панталони со висок струк се добитна комбинација во моментов.
6. Плетена торба
Плетените чанти станаа омилени додатоци во последните неколку години во текот на летните месеци. Иако денес има огромен избор на разни модели, за почеток ви треба класична плетена торба што лесно се вклопува во секакви пригоди.
7. Сандали влечки
View this post on Instagram
Сандалите влечки со високи потпетици се единствените обувки што ви се потребни ова лето. Покрај тоа што изгледаат убаво на нозе, тие се и удобни.
8. Венчиња, марами и други додатоци за коса
„Колку повпечатливо, толку подобро“ е правилото за ова лето. Додатоците за коса стануваат сè попопуларни и сè е во тренд.
9. Миди здолниште
View this post on Instagram
Не заборавајте да набавите миди здолниште во вашиот плакар, во кое ќе можете да поминете еден ден на работа, вечер со пријателите или прошетка во природа за време на викендите.