2 модри патлиџани
1 лажица лебни трошки
2 лажици рендано биено сирење или Пармезан
1 лажица путер
1 1/2 лажица брашно
1 лажица сув зачин
околу 400 мл млеко
150 г шери домати
масло
сол
Модрите патлиџани ги миеме, ги сечкаме на кругови дебели 5 мм, ги посолуваме и ги оставаме да стојат 30 минути. Потоа ги миеме со вода и ги ставаме на кујнска хартија да ја впие водата. Ги мачкаме со масло и ги печеме во рерна или на тостер. Ги редеме во тава намрсена со масло и наросена со лебни трошки. Врз нив го нанесуваме ренданото сирење.
Во тава го ставаме путерот и на тивко го запржуваме брашното да порумени. Потоа постепено го додаваме млекото мешајќи со жица да се добие густ сос без грутчиња. Додаваме сув зачин, промешуваме и со сосот ја преливаме содржината во тавата. Ги редиме шери доматите и печеме
20-тина минути на 200 степени.