„Моето место е на Кардиохирургија“, Јовев е сигурен дека Меџити ќе ја поправи грешката

Сашко Јовев, разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, по повикот на министерот за здравство Фатмир Меџити, да биде негов национален советник за кадриохирургија, откако вчера го разреши, рече дека „тоа е голема чест, но неговото место е на Клиниката за кардиохирургија“.

Јовев, рече дека министерот нему лично не му се обратил во врска со денешната понуда, но додава дека себеси се гледа на Клиниката, заедно со неговиот тим.
„Сметам дека моето место е на Клиниката за кардиохирургија, да го водам својот тим и заеднички да постигнуваме уште многу успеси“, истакна разрешениот директор, кој денешната изјава ја даде во присуство на проф. д-р Горан Димитровски, претседател на Македонското лекарско друштво.

Додаде дека ќе продолжи со борбата, затоа што е сигурен дека министерот ќе ја поправи оваа грешка.
Димитровски, го изрази незадоволството од одлуката на Министерството за разрешувањето на Јовев.

„Разрешувањето на Сашко Јовев од место директор на Кардиохирургија деновиве ја бранува јавноста и лекарската фела пред се од причина што образложението на МЗ за оваа постапка сметаме дека е неиздражано и небулозно. За лекар, кој прв пат во Македонија направил трансплантација на срце и досега заедно со својот тим, кој тој го формирал и на светски стручно ниво вршел и други трансплатации на срце, како и интервенции со кои се спасени многу животи од други заболувања на срце кај пациенти, оваа одлука навистина е неразибрлива. Македонското лекарско друштво е против ваквата одкука на МЗ за разрешување на Јовев и изјавата на минстерот за здравство дека не му требаат директори кои шест месеци не дале резултати е неоснована“, рече Димитровски.
Според него одлуката е лоша порака за младите лекари, бидејќи се разрешува некој кој постигнува резултати на национално и на интернационално ниво.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.