Може ли вечерата после 20 часот да биде причина за зголемување на телесната тежина?

КОГА се обидувате да изгубите тежина, поктај тоа што јадете е исто толку важно како и кога го јадете. Јадењето во вистинско време ви помага правилно да ја варите храната, го зајакнува метаболизмот и на крајот ви помага да изгубите тежина. Обилниот појадок секогаш се препорачува наутро во рок од еден час по будењето, додека лесните и раните оброци навечер се сметаат за клучни за побрзо слабеење. Вообичаено е верувањето дека ако јадете доцна навечер, тоа всушност може да ги саботира вашите цели за слабеење, а исто така ќе доведе до зголемување на телесната тежина. Па, има ли вистина во ова тврдење?
Според студија објавена во британскиот журнал за исхрана, нема врска помеѓу времето на јадење и зголемувањето на телесната тежина. Студијата спроведена од тим истражувачи од Лондонскиот колеџ „Кингс“ испитувала навики во исхраната на повеќе од 1.500 деца користејќи податоци од Националната програма за истражување на диети и исхрана на Велика Британија собрани помеѓу 2008 и 2012 година. Ги проучувале податоците барајќи поврзаност помеѓу вечерниот оброк, времето и зголемениот ризик од прекумерна тежина или дебелина. На крајот од студијата, тие не нашле врска помеѓу оброците доцна во ноќта и зголемувањето на телесната тежина.
Ова нè доведува до заклучок дека проблемот не е времето, туку изборот на храна и количините што доведуваат до „ноќно“ дебелеење. Долгиот временски интервал помеѓу ручекот и вечерата ќе ве охрабри да јадете повеќе навечер. Потоа, ќе изгубите трага за количината храна што ја јадете и на крај ќе изедете повеќе калории отколку што треба.
Друг проблем е што луѓето се повеќе склони кон лош избор на храна навечер. Кога сте гладни, копнеете по брза храна и тешко е да одолеете на искушението. Газираните пијалоци, солените закуски и слатките содржат многу калории и лесно можат да доведат до зголемување на телесната тежина.
Но, лошиот избор на храна и консумирањето премногу калории не само што може да доведат до зголемување на телесната тежина, туку исто така можат да доведат до некои други здравствени проблеми. Консумирање тежок и масен оброк пред спиење може да доведе до проблеми со варењето на храната. Ноќе ќе се чувствувате непријатно и надуено, што исто така ќе влијае на квалитетот на вашиот сон.
Затоа, за мирен сон и подобро варење, изедете го последниот оброк во денот најмалку два часа пред да одите во кревет, советува Times Of India.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.