МОЛДАВИЈА: Ако продолжи ескалацијата можна е ДЕЛУМНА МОБИЛИЗАЦИЈА НА АРМИЈАТА

На 10 октомври три ракети ја прелетаа земјата.

Во случај да се појават ризици за безбедноста на Молдавија, во земјата ќе биде објавена делумна мобилизација, изјави за „Про ТВ“ молдавскиот министер за одбрана Анатолиј Носатин.

МОЛДАВИЈА: Ако продолжи ескалацијата можна е ДЕЛУМНА МОБИЛИЗАЦИЈА НА АРМИЈАТА

Општата мобилизација е многу сложено сценарио и не се најавува секогаш кога се менува ситуацијата. Мислам дека нема да дојдеме до такво сценарио. Потребна е детална анализа, а доколку навистина е потребно ќе се изврши делумна мобилизација, за да се подготви и зголеми способноста на вооружените сили да одговорат на заканите – рече Носатин.

Тој изјави дека во моментов во армијата на Молдавија има околу 6.000 војници, а оружјето е главно од советскиот период. Министерот подвлече дека Молдавија нема противвоздушни системи и дека армијата може да следи само ракети кои се наоѓаат на територијата на Републиката. Тој додаде дека Националната армија може да купи системи Патриот.

Претходно, Министерството за одбрана на Молдавија тврдеше дека во понеделникот на 10 октомври три ракети лансирани од бродови во Црното Море ја прелетале земјата. Амбасадорот на Русија во Кишињев Олег Васнецов беше поканет во Министерството за надворешни работи на Молдавија.

Властите на Републиката ја разгледаа и можноста за затворање на воздушниот простор. Молдавските власти претходно изјавија дека има потреба од набавка на оружје за зајакнување на одбранбените капацитети и зајакнување на границата поради регионалната криза

Државниот секретар на Министерството за одбрана на Молдавија Валериј Мижа изјави дека молдавската армија ќе добие модерни оклопни возила, комуникациска опрема и беспилотни летала во рамките на програмата на ЕУ вредна 40 милиони евра.

Како што наведе, со тоа ќе се овозможи двојно зголемување на буџетот за одбрана на земјата веќе оваа година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.