недела, 15 ноември 2026
Најново

Мојсоска поднесе инивијатива за вонреден надзор на сите субјекти кои имаат дозвола за експлоатација во Струга!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пратеничката од Струга, Јована Мојсоска, поднесе иницијатива за вонреден инспекциски надзор над сите субјекти кои поседуваат дозволи за експлоатација на песок во Струга, откако жителите на градот веќе трета недела се без вода за пиење поради загадени извори.

– Додека Струга и 50.000 жители се трета недела без вода за пиење (во 21 век!), поднесов иницијативи до Министерството за енергетика и Министерството за животна средина за вонреден инспекциски надзор над СИТЕ субјекти кои поседуваат дозволи за експлоатација во Струга, како и оние кои криминално работат без важечки договори.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

•Безредието, пасивноста на институциите и корумпираноста во секоја пора на општеството доведе градот на две води да остане БЕЗ ВОДА. Апелирам Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme и ОЈО Струга да се РАЗБУДИ од зимски сон и да не чека уште еден екоцид за да открие кој незаконски и без концесии работи во Струга и врти милионски профити, додека цената ја плаќаат Стружани.

П.С. Секој КУПЕН ГЛАС скапо коштат. – напиша Мојсоска на Фејсбук.

Поврзани вести