Мурињо: Јас и Фергусон истовремено ќе ги завршиме кариерите

Нема да го заменам Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед бидејќи обајцата истовремено ќе ги завршиме тренерските кариери. Тој тогаш ќе има 90, а јас 70 години, изјави тренерот на Реал Мадрид Жозе Мурињо, на прес конференција во пресрет на осмина финалето од Лигата на шампионите.

Мурињо(50) веќе подолго време го селат во Јунајтед, а уште повеќе со тоа што Реал оваа сезона се наоѓа во катастрофална ситуација во Примера, а во Лигата на шампионите уште во осмина финалето го извлече Манчестар Јунајтед. Шпанските медиуми одамна тврдат дека Мурињо секако кариерата ќе ја продолжи во Англија.
„Не знам каква ќе биде иднината на Манчестер Јунајтед, но знам дека Мурињо може да ја води било која екипа на светот”, изјави неодамна Фергусон.
Двајцата големи тренери се и големи ривали додека Мурињо од 2004 до 2007 година го водеше Челзи, а новинарите се сетиле на згодата од 2004 година, кога Португалецот со Порто ја освои Лигата на шампионите, исфрлајќи го Манчестер Јунајтед. Во таа прилика Фергусон дојде во соблекувалната на Порто и со шише вино и две чаши наздрави со Мурињо.
Макфакс
Нема да го заменам Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед бидејќи обајцата истовремено ќе ги завршиме тренерск

Пронајдете не на следниве мрежи: