Мус колач од чоколадо: Кремасто задоволство без печење

Потребни состојки:
800 милилитри млеко
300 грама слатка павлака
180 грама шеќер
50 грама незасладено какао во прав
50 грама густин
200 милилитри млеко
10 грама желатин во прав
60 милилитри ладна вода
300 грама чоколадо за готвење
200 грама маскарпоне сирење
незасладено какао во прав за посипување


Начин на подготовка:
Загрејте ги млекото (800 мл), слатката павлака и шеќерот на средна топлина.
Во меѓувреме, измешајте ги какаото и густинот. Додајте малку млеко (200 мл) и добро измешајте.
Прелијте го желатинот во прав со ладна вода и оставете го 5-10 минути да набабри.
Истурете ја смесата со какао во топлото млеко. Оставете да зоврие и мешајте почесто. Додека мешате, отстранувајте ја смесата од какаото од ѕидовите на тенџерето бидејќи се насобира таму кога ќе почне да згуснува.
Кога ќе почне да врие, оставете ја да врие уште 5 минути и мешајте.
Тргнете ја од огнот и додајте го и измешајте го чоколадото.
Стопете го желатинот на ниска температура и веднаш тргнете го од огнот. Желатинот не смее да зоврие.
Додајте го желатинот во смесата со чоколадото и добро измешајте. Претурете ја смесата во голем сад, оставете ја да излади десет минути, а потоа додајте го сирењето. Мешајте со миксер додека смесата не се соедини.
Земете плех со големина од 26 цм, попрскајте го со малку вода и покријте го со целофан.
Исурете го мусот во плехот и израмнете го одозгора.
Оставете го да отстои во фрижидер преку ноќ.
Извадете го мусот од плехот – ставете еден послужавник на горниот дел од плехот и, држејќи ги плехот и послужавникот заедно, свртете го послужавникот така што тој ќе дојде на дното, а плехот одозгора.
Извадете го целофанот и посипете го мусот со какао.
Исечете го со топол нож што можете да го чувате во чаша топла вода неколку секунди или може да го загреете над топла рингла. Чувајте го мусот во фрижидер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.