Доколку Арбен Таравари има намера да соработува со ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со него, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на „Сител“.
– Владата е стабилна, владиното мнозинство е стабилно. Владата работи посветено на реформи. Јас тоа го кажав и пред неколку недели, дека доколку господинот Таравари одлучи да работи со ДУИ, тогаш не може да соработува и со ВМРО – ДПМНЕ. Ние како политички субјект не сме подготвени да имаме соработка со некој којшто има за цел понатаму да дејствува политички во координација со ДУИ, барем до момент дури ДУИ не се реформира, а ДУИ во моментот е далеку од реформиран политички субјект, вели Муцунски.



