Муцунски-Сијарто: Унгарија ѝ дава важна поддршка на Македонија во процесот на европска интеграција

На маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски се сретна со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Министрите изразија задоволство од динамичната билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Унгарија, како и од тековниот политички дијалог на високо ниво.

Тие го нагласија силниот потенцијал за зајакнување на соработката во голем број сектори и за континуирана меѓусебна поддршка во различни мултилатерални формати.

Беше нагласена подготвеноста на двете земји за понатамошно интензивирање на соработката во наредниот период.

Беше поздравено и неодамнешното одржување на петтата седница на Заедничката комисија за економска соработка меѓу двете земји, како важен механизам за зајакнување на билатералната соработка во повеќе области.

„Во разговорите беа разгледани и теми поврзани со актуелните случувања во регионот и Европа, партнерството во рамките на НАТО и процесот на пристапување кон Европската Унија, нагласувајќи ја важната поддршка што Унгарија ѝ ја дава на Северна Македонија во овој процес“, се вели во соопштението на МНР.
The post Муцунски-Сијарто: Унгарија ѝ дава важна поддршка на Македонија во процесот на европска интеграција appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: