Му нема рамен: Рецепт за колач кој е “подобар и од секс”

Овој десерт е еден од најпопуларните и дури има и своја страница на Википедија, а некои го нарекуваат и “подобар од најдобриот колач”.
Станува збор за вкусен колач кој стекна огромна популарност откако Паула Дин го приготви во својата позната емисија “Paula’s Home Cooking”. Најдобро од сè е што се припрема лесно, а во рецептот се користат веќе готови преливи и додатоци.
Десертот се состои од чоколаден пандишпан, прелиен со карамела и украсен со шлаг, овошје и јаткасти плодови.

Потребни состојки:
– 1 кутија готова смеса за пандишпан
– 450 мл. прелив од карамела
– 400 мл. кондензирано млеко
– 300 мл. слатка павлака
– овошје и јаткасти плодови за декорација
Начин на припрема:


1. Испечете готова смеса за пандишпан во правоаголна тава за печење. Обично за рецептот се употребуваат наједноставните чоколадни смеси, купени во продавница.
2. Избоцкајте го пандишпанот со вилушка и прелијте го со мешавина од кондензирано млеко и карамела. Можете да купите прелив од карамела или сами да го приготвите.
3. Изматете ја слатката павлака за да добиете шлаг, а потоа премачкајте го тестото и украсете со овошје и јаткасти плодови по желба.
4. Изладете пред послужување и служете го колачот исечен на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.