Кристијано Роналдо е неприкосновена ѕвезда на Ал Наср и генерално на фудбалот во Саудиска Арабија, но и тој е изложен на критики. Во последниот натпревар од 25-то коло на Саудиската Про Лига против Ал Холуд, Ал Наср триумфираше со 3:1. Голови постигнаа Кристијано Роналдо, Садио Мане и Џон Дуран, а Али Лајами несреќно упати лопта во сопствената мрежа. И покрај победата, првиот голгетер на натпреварот, Роналдо, беше на тапет на навивачите.
Во Ријад, натпреварот на стадионот го следеа само 12.492 гледачи, што предизвика разочарување меѓу фанатиците на Ал Наср. Навивачите го обвинуваат португалскиот играч, велејќи дека публиката се намалила. Коментарите на социјалните мрежи беа остри: „Никој не доаѓа на нашите натпревари“, „Посетата е полоша од минатата сезона”. Дури се покрена и петиција за раскинување на договорот на Роналдо, прашувајќи дали вреди таквиот платен пакет од 200 милиони евра годишно. Многумина се жалат на играта и тоа што често добива голови од пенали.
Покрај слабата посета, фановите се незадоволни и од сегашната позиција на табелата и недостигот на титули откако Португалецот се приклучи на екипата. Кога склучија договор за 200 милиони евра годишно, очекуваа многу повеќе постигнувања. Во тимот, покрај Роналдо, се и имиња како Садио Мане, Ајмерик Лапорт, Марсело Брозовиќ и Џон Дуран. Не изненадува што фанатиците се надеваа на повеќе, особено кога екипата е на 3-то место со заостанување од десет бодови зад водечкиот Ал Иттихад.
Шансите за освојување на првенството оваа сезона се мали, бидејќи Ал Иттихад и Ал Хилал играат во одлична форма. Тие се многу подобро пласирани, а и букмејкерите им даваат поголеми шанси за титула отколку на Ал Наср.
The post Навивачите на Ал Наср изразуваат незадоволство од перформансите на тимот со Роналдо appeared first on 365.mk.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.