Блузичките со нагласени рамена се омилени долги години наназад, па сигурно и вие имате една во плакарот која едвај чекате повторно да ја облечете.
Ваквите парчиња се идеален начин да ја разубавите секоја комбинација која можеби ви се чини едноставна. Оваа сезона девојките сакаат да ги носат со фармерки со висок струк и впечатлив колан, или со некои интересни здолништа со шик принт.
Познатите модни брендови како Живанши, Кензо, Гучи и Баленсијага сезонава на овие парчиња им дадоа една поинаква димензија и ги направија уште попосакувани.
Овој ретро тренд веќе е дел од секојдневните комбинации на познатите блогерки кои ги одбраа своите фаворити.
Дефинитивно една од највпечатливите блузички е онаа во црна нијанса со долги ракави и отворено деколте и грб, која девојките ја носат со џинс во светла нијанса.
Во галеријата погледнете неколку интересни комбинации и уште денеска пронајдете ја вашата ретро блузичка со нагласени рамена.