Рекорден проток на патници и возила е забележан во саботатаа на граничниот премин „Ќафасан”, на македонско – албанската граница кај Струга.
Речиси 80 отсто од оние кои минуваат преку овој премин се албански граѓани кои во Струга и Охрид, каде саботно е пазарен ден, доаѓаат поради набавка на гориво и храна, кои се по пониски цени од оние во нивната земја .
-Редицата автомобили за преминување на границата е долга со километри. Според извештаите, на граѓаните им се потребни над 2 часа за да преминат од Албанија во Македонија и обратно, наведуваат албанските медиуми.
Посочуваат дека цените на горивата во Албанија се повисоки отколку во Македонија. На пример литар дизел во Албанија е 2,2 евра.
Албанските граѓани купуваат и доста храна од Македонија која е и поефтина и поквалитетна.


