Над 400 македонски граѓани бараат помош за евакуација од Блискиот Исток

Од Министерството за надворешни работи соопштија дека, според податоците од дипломатско-конзуларните претставништва, од 400 луѓе коишто се распрашале за можностите за напуштање на регионот, околу 30 изразиле подготвеност веднаш да ја напуштат земјата штом се создадат услови.

Повеќе од 400 македонски државјани побарале информации за евакуација од Блискиот Исток поради заострувањето на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, информира Министерството за надворешни работи.

Во моментов се подготвува план за безбедно извлекување на граѓаните кои се наоѓаат во Иран, додека за оние во Обединетите Арапски Емирати и Катар засега нема услови за организирана евакуација.
Од МНР соопштија дека, според податоците од дипломатско-конзуларните претставништва, од повеќе од 400 луѓе коишто се распрашале за можностите за напуштање на регионот, околу 30 изразиле подготвеност веднаш да ја напуштат земјата штом се создадат услови.

Пронајдете не на следниве мрежи: