Назли фатме

ЗА ТЕСТО
10 жолчки
500 г путер
2 лажици кисела павлака
650 г брашно
8 лажици нишесте
ЗА ШЕРБЕТ
1,2 кг шеќер
800 мл вода
1 ванилин шеќер
сок од 1/2 лимон
Во сад изматете ги путерот и жолчките додека станат кремасти. Додадете ги брашното и павлаката. Замесете тесто и поделете го на 30 топчиња.
Од секое топче расукајте коричка, притоа наросувајќи со нишесте. Коричката превиткајте ја од двете страни кон средината по должина, а потоа два пати по ширина за да добиете квадрат. Потоа сите 4 агли соберете ги кон средината за да добиете форма на плик. Наредете ги во тава и печете 15 минути на 200 степени.
Од шеќерот, ванилиниот шеќер и водата 5 минути варете го шербетот. Тргнете од оган, додадете го сокот од лимон и оставете малку да се излади.
Млаките колачи прелијте ги со млакиот шербет и оставете да го впијат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.