Намаз од авокадо

1 созреано авокадо
100 г сирење
3 лажици кисела павлака
50 г ситно сечкани ореви
3 лажици потпечен сусам
3 лажици пченични трици
1 лажица сенф
1 лажица таан
1/2 лажичка лук во прав
сечкан магдонос и оригано по вкус
Исечете го авокадото на половина, извадете ја семката и со лажичка издлабете го до лушпата. Издлабениот дел ставете го во блендер. Додадете ги останатите состојки и миксајте додека да се формира кремаста смеса, односно намаз.
Доколку сирењето не е доволно солено посолете по вкус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.