Намалена видливост и можни одрони на повеќе патни правци

Намалена видливост поради густа магла е забележана на патниот правец Гајре – Попова Шапка, каде што видливоста се движи од 20 до 25 метри, како и на планинскиот превој Стража, со видливост од 50 до 70 метри.

Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека на некои делници кои минуваат низ усеци и клисури е можна појава на помали одрони, кои се отстрануваат редовно.

Возачите се повикуваат на зголемена внимателност, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината согласно условите на патот.

Пронајдете не на следниве мрежи: