Намирници кој помагаат да ги излекувате уринарните инфекции

Храната која ја јадеме, поточно молекулите кои настануваат при варењето влијаат на растот на бактериите во нашиот уринарен тракт. Затоа, оние кои имаат проблем со уринарните инфекции би требало да ја прилагодат својата исхрана.
Научниците од Медицинскиот факултет во Вашингтон го истражувале настанувањето на уринарните инфекции. Тие утвридле дека урината кај некои луѓе е поотпорна на бактерии, бидејќи одредени соединенија од храната им го скратуваат железото и минералите потребни за нивен раст.
Хранливите материи кои му помагаат на телото во борбата против уринарните инфекции се нарекуваат полифеноли. Тоа се силни антиоксиданси, а во дигестивниот систем тие всушност се трансформираат во соединенијата кои го инхибираат растот на бактериите.


Намирниците што содржат голема количина на полифенол се:
1. Свежа боровница и сок од боровница
2. Сок од брусница без засладувачи
3. Јогурт без засладувачи
4. Црн чај
5. Темно чоколадо
За да не ја намалите pH вредноста на својата урина и да го спречите растот на бактериите, за време на инфекцијата би требало да ги избегнувате газираните пијалоци и храната со голем процент на животински протеини.


Експертите напоменуваат дека големи дози витамин Ц кои се внесуваат преку вештачки додатоци на исхрана исто така се лоши, но затоа природните извори на овој витамин и тоа како се пожелни.
Тоа не значи дека мора да јадете само цитруси. Никако немојте да заборавите на зеленчукот кој е богат со витамин Ц, како кељ, прокељ и брокула.
Освен витамин Ц, на вашиот уринарен тракт за борбата против инфекциите, потребен му е и витаминот А, кој го има во морковите, дињата и благиот компир.
Во својата исхрана задолжително внесете и лук. Лукот е богатство кое благодарение на своите силни антибактериски својства служи како природен антибиотик кај разни облици на инфекции, па така и кај уринарните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.