Напиток од грејпфрут кој го забрзува метаболизмот, го исфрла вишокот вода и помага при слабеење

Доколку сте во потрага по едноставен, ефектен и здрав напиток за слабеење, ви предлагаме да испробате напиток од магдонос, грејпфрут и вода кој ги „топи“ килограмите.
Овој напиток го забрзува метаболизмот, го исфрла вишокот вода од организмот, ја подобрува циркулацијата и ги елиминира масните наслаги.
За негова подготовка треба да користите свежи листови од магдонос, а грејпфрутот пред користењето задолжително оставете го да отстои во вода со сода бикарбона, доколку сакате да го користите без да го излупите.
Потребни состојки:
– 20 листови магдонос
– еден црвен грејпфрут
– 1 литар флаширана вода


Подготовка:
Во 1 литар млака флаширана вода додајте 20 свежи листови магдонос, поклопете и оставете да отстојат во водата 10 минути. Потоа извадете го магдоносот и додајте еден цел цеден или ситно сецкан грејпфрут.
Како се пие?
Напитокот се консумира 10 дена по ред, по една чаша половина час пред секој оброк или 15 минути по тренинг, на празен стомак. По 10 дена, направете пауза од една недела, па продолжете да го консумирате напитокот 3 пати неделно. Овој напиток одлично го снабдува организмот со витамините Ц, А, Б и Е и е одличен антиоксидант, како и добра поддршка на имунолошкиот систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.