Одличен десерт лесен за подготовка. По овој рецепт полудеа сите.
Состојки:
200 г бело чоколадо
200 г млечно чоколадо
400 г кисела павлака(20% млечни масти)
2 дл слатка павлака
10 г желатин
1 д вода
половина лажичка кафе
околу 100 гр кекси
Подготовка:
Ставете го желатинот во ладна вода да набабри. Во два садови истопете го белото чоколадо и темното чоколадо, секое со 1 дл слатка павлака. Во истопеното чоколадо додадете го желатинот и добро промешајте да се стопи. Во топлото чоколадо додадете по 200 г павлака. Во темниот дел додадете кафе. На дното на помалиот калап наредете ги кексите натопени во млеко.
Истурајте ги најизменично белата и темната смеса. Чувајте го колачот неколку часа во фрижидер да се стегне.