Направи сам: Здрав појадок во чаша

Со оглед на брзиот стил на живеење луѓето немаат време за секојдневна подготовка на здрав појадок. Но, овој предлог за здрав појадок во чаша може за кратко време да си го подготвите дома или на работа.
Еден од поедноставните рецепти се состои од: овесни снегулки, пченични трици или овесни трици, лен и овошје по избор.


Во голема чаша од половина литар ставете две лажици овесни снегулки, потоа додадете околу 200 мл јогурт, две лажици пченични трици, една лажичка лен и на крајот наполнете со овошје како суви сливи, боровинки, сецкани банани, киви, јагоди, суво грозје и слично.
Не мора да се трудите да изгледа совршено бидејќи и така на крајот ќе измешате сè пред консумирање.
Овие состојки ќе му обезбедат на организмот сè што е потребно за енергичен почеток на работниот ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.