НАСА развива робот кој ќе бара живот на другите планети

Жената научник Мелиса Флојд во Центарот за вселенски летови “Godar” развива робот кој ќе бара нов живот на другите планети. Таа сака да направи инструмент кој би можел да гледа “примероци” на земја и камења и да бара доказ за постоење на бактерии или други арсенски микроорганизми.
Овие организми се првите кои се појавиле на Земјата, а Флојд почнала да се прашува дали се развива живот и на другите планети како што се развива и на нашата.
“Што ако на Марс се развива живот како на Земјата? Марс е бомбардиран со истата хемиска супа како и Земјата”, вели Флојд.

Главниот предизвик е да развие робот и протокол кој може ефективно да направи сè што му прават научниците на Земјата. Техниката која се користи е ставање примероци на слајд, третирање на клетките на тој примерок, додавање молекуалрни сонди кои ќе се поврзат со одредени делови на ДНК или РНК во клетката, загревање на примероците, па дури после набљудување под микроскоп.
“Се обидувам да утврдам дали можам да ја направам истата работа со помош на робот”, додава Флојд.


Ако тоа е возможно, НАСА може да испрати робот, самостојно на друга планета или на Месечината во нашиот соларен систем. Роботот би можел да стане новиот моќен алат за научниците во потрагата за живот на другите планети.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.