Сите девојки кои обожаваат pin up стил ќе ги воодушеви фактот дека наскоро ќе бидат во можност да купат чевли направени според омилените модели на славната Мерилин Монро.
Како што е соопштено од Women's Wear Daily, Authentic Brand Group, која има право на сопственост на легендарната Мерилин одлучи да склучи договор со брендот Will Rich Shoes и да направат колекција на чевли во чест на русокосата секс бомба.
Колекција би требало да биде лансирана кон крајот на оваа година и ќе се состои од сандали, салонки и чизми инспирирани од вистинските чевли на популарната Монро.
Цените ќе се движат од 39-79 долари, а чевлите наводно ќе можат да се купат преку интернет.
“Дајте и на една девојка прави чевли и ќе го освои светот”, би рекла славната убавица, која кај чевлар ја скратувала левата чевла со цел заносно да се движи.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Сите девојки кои обожаваат pin up стил ќе ги воодушеви фактот дека наскоро ќе бидат во можност да купат чевли направен
Пронајдете не на следниве мрежи: