Нафта од Казахстан во ЕУ – ЊЕТ! Затворен терминал на Црното море со одлука на руски суд

Рускиот суд донесе одлука за затворање на терминал на Црното Море поради кршење на еколошките правила за излевање на нафта…

Испораките на нафта на европските пазари веќе се загрозени не само од конфликтот со Русија, туку и од немирите во Либија, поради што испораките од таа африканска земја се намалени за две третини. Прекинот на испораката на нафта преку гасоводот CPC е нов значаен енергетски удар за ЕУ,
Нафта од Казахстан во ЕУ – ЊЕТ! Затворен терминал на Црното море со одлука на руски суд

Русија најде друг начин да го намали снабдувањето со енергија во Европа – тие му наложија на конзорциумот на Каспискиот гасовод да ја запре испораката на нафта од нејзиниот извозен терминал на Црното Море. Поточно, рускиот суд донесе одлука за затворање на терминалот поради прекршување на еколошките правила за излевање на нафта. На овој начин всушност беше спречена испораката на казахстанската сурова нафта до членките на ЕУ, додека руската нафта сè уште може да се испорачува на други начини. Последица на оваа забрана е намалувањето на испораките на нафта во ЕУ за околу 1,5 милиони барели дневно.

Запирањето на испораките преку конзорциумот на Каспискиот гасовод [Caspian Pipeline Consortiuma (CPC)] ѝ дојде добро на Русија бидејќи не создава нови трошоци за Русија и значително го зголемува енергетскиот притисок врз ЕУ. Имено, околу две третини од испораките на нафта на CPC завршуваат во ЕУ. Одлуката за запирање на испораките на нафта до CPC ја пропиша вицепремиерот на Руската Федерација. Компанијата доби рок до 30 ноември да го реши излевањето на нафта, а судот им ја прекина работата за да ги казни. Русија лесно ќе ги пренасочи оние 10 проценти од вкупните количини на испораки на CPC што претставуваат руска нафта, но такво решение не е можно за нафтата од Казахстан, која сочинува 80 проценти од испораките на CPC.

Испораките на нафта на европските пазари веќе се загрозени не само од конфликтот со Русија, туку и од немирите во Либија, поради што испораките од таа африканска земја се намалени за две третини. Прекинот на испораката на нафта преку гасоводот CPC е нов значаен енергетски удар за ЕУ, бидејќи може да дојде до ново поскапување на клучниот енергетски производ.

Понатамошното забавување е реално сценарио

Притоа, не треба да се заборави дека цената на природниот гас од почетокот на минатата година е зголемена за 700 отсто, а состојбата се влошува. Во моментов главната линија – Северен тек е затворена поради одржување, но се стравува дека Путин повторно нема да го отвори гасоводот, за да го зголеми енергетскиот притисок врз ЕУ. Минатиот месец, по малиот пожар на терминалот за ЛНГ(LNG) во Тексас, беа запрени испораките на природен гас во ЕУ. Тој е најголемиот извозен терминал во САД. Од затворањето на американскиот извозен терминал Фрипорт, цената на гасот во ЕУ скокна за 60 отсто, додека во САД падна за 40 отсто поради зголемената понуда.

Аналитичарите проценуваат дека проблемите со снабдувањето со гас и нафта ќе ја турнат Европа во рецесија. Показателите за економскиот раст покажуваат дека САД веќе се во рецесија.

Со оглед на тоа што се очекува дополнително заострување на монетарните политики на Федералните резерви и Европската централна банка, натамошното забавување на економската активност е реално сценарио. Германија веќе предупреди дека недостигот на гас може да предизвика криза слична на онаа по колапсот на Lehman Brothers.

Треба да се потсети дека ЕУ подготвуваше ембарго за увоз на нафта од Русија, но целата акција досега резултираше само со значително зголемување на цените на нафтените деривати во ЕУ, а се создава паника поради можен недостиг на гас. Директорот на ClearView Energy Partners, Кевин Бук, за Блумберг тврди дека гасот денес е она што беше нафтата во 1970-тите, бидејќи игра суштинска улога во неколку големи европски економии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.